
Student Translation Project
HKBU 2016

Современа литература од Хонг Конг
Во својата академска работа д-р Мери Вонг го истражува односот помеѓу филмот и литературата. Слично, кусиот расказ "Опсесија" (迷情) е инспириран од филмовите "L’Avventura" и 'Blow-up", режирани од Микеланџело Антониони. Како и филмовите, овој кус разказ создава мистериозна, филмска атмосфера, проткаена со чувство на емоционална отуѓеност.
Мери Вонг, Опсесија
мај 2016
Ракун е првата збирка кратки раскази на Ге Лијанг која е сместена во Хонг Конг. Како дојденец од Нанџинг, тој го опишува животот на обичните луѓе во градот. Во краткиот расказ "Ракун" минувањето на тајфунот е прикажано како средба меѓу луѓето и природата, која поттикнува да го преиспитаме сфаќањето на секојдневнието.
Метју Ченг е победник на првиот натпревар за Млад автор, и е добитник на Наградата за развој на уметноста во Хонг Конг во 2012 г. Тој е автор на една поетска збирка и е уредник на Антологијата на поезија од Хонг Конг од 1950-тите. Овде можете да прочитате две негови песни инспирирани од престојот во два града во САД.
Кусиот расказ "Шангај По По" на Чан Хеј Чинг е за прв пат објавен во февруари 2015 година, во ХК Магазин. Подоцна е објавен како дел од збирката "不再狗臉的日子". Во расказот е опишан животот на една од "седумте сестри", и како таа го доживува Хонг Конг низ призмата на еден ресторан.
Метју Ченг, поезија
мај 2016
Чан Хај Чинг, Шангај По По
мај 2016
Ге Лијанг, Ракун
мај 2016